По завршување на регуларниот дел од сезоната во Супер-лигата, познат е распоредот од првата фаза од плеј-офот. Ќе се одиграат пет кола, а шест тима ќе се борат за првите четири места кои носат пласман во полуфиналето.
Овој дел од првенството ќе се игра во еднокружен систем „секој со секого“, а познат е распоредот на натпревари. Лидерската позиција му припадна на ТФТ, додека зад него е МЗТ Скопје.
Во првото коло ќе се сретнат ТФТ – Тиквеш, МЗТ Скопје – Кожув и Пелистер – Маџари.
Двата тима кои се борат за првото место својата пресметка ќе ја имаат во второто коло, ТФТ е домаќин на МЗТ Скопје. Тимот од Тафталиџе има 40 бода, еден повеќе од МЗТ Скопје. Во ова коло силите ќе ги одмерат Кожув и Пелистер и Тиквеш – Мааџари.
Распоред
- коло: МЗТ Скопје – Тиквеш, Пелистер – ТФТ, Маџари – Кожув.
- коло: Тиквеш – Кожув, ТФТ – Маџари, МЗТ Скопје – Пелистер.
- коло: Пелистер – Тиквеш, Маџари – МЗТ Скопје, Кожув – ТФТ.
ТАБЕЛА
1.ТФТ 22 19 3 1817:1571 41
2.МЗТ Скопје А. 22 19 3 1735:1534 40
3.Пелистер 22 14 8 2002:1807 36
4.Маџари 22 12 10 1752:1731 34
5.Кожув 22 12 10 1834:1793 34
6.Тиквеш ГИ 22 11 11 1735:1728 33










