Skopje Open G1, одлично организиран таеквондо турнир со кој се гордее Македонија

37

Викендов во „Борис Трајковски“ успешно се одржа најголемиот спортски настан – таеквондо турнирот Skopje Open G1, на кој учество земаа 41 земја и повеќе од 1.000 натпреварувачи.

Турнирот беше во организација на ТК Бутел, Македонската таеквондо федерација и ТК Рамус.

Во исклучително силна конкуренција, македонските таеквондисти остварија одлични резултати.

На првиот ден од Скопје Опен, младите таеквондисти освоија пет медали:

Ведрана Тунески (ТК Бутел) – сребрен медал со три победи
Ненад Целески (ТК Хваранг фист) – сребрен медал
Душица Бресалиева (ТК Штип) – сребрен медал со две победи
Теодор Стојановски (ТК Бутел) – бронзен медал со две победи
Антонио Негријовски (ТК Феникс) – бронзен медал

Во сениорска конкуренција, најдобриот македонски спортист Дејан Георгиевски блесна во полн сјај и ја покори светската таеквондо елита.

Со четири доминантни победи – против Австриецот Абулда Алмагди, европскиот шампион и светски вице-шампион Иван Шапина, како и Пашко Божиќ, освојувач на европска и светска бронза – Георгиевски стигна до финалето, каде со убедливи 2-0 го совлада Израелецот Илиа Рудерман.

Со овој златен медал, Георгиевски освои нови бодови во трката за олимписка норма.

Овој турнир уште еднаш потврди дека Македонија е значаен фактор на светската таеквондо сцена, додека Македонската таеквондо федерација останува цврсто посветена на создавање врвни резултати и континуирана поддршка на македонските таеквондисти.

ПретходноКанаѓаните со понуда до Италија…. променете ги дресовите и навивајте за нас
СледноИзов го објави списокот за елитните квалификации