Македонската кошарка во својата историја има бројни кошаркарски легенди. Дел од нив се уште се дел од овој спорт, дел одамна не биле присутни на терените.
Вчера на дуелот меѓу Гостивар и Феникс на едно место после 25 години заедничка фотографија направија Перо Блаажевски, кој тренер на домашниот тим и Ѓорѓи Књазев, кој дојде да му даде поддршка на својот некогашен соиграч.
Двајцата заедно играа за Никол Ферт Гостивар во сезоната 2000/2001.
На трибините Књазев дуелот го проследи со својата сопруга Лидија Књазева која исто така беше дел од македонската женска кошарка.











