Канаѓаните со понуда до Италија…. променете ги дресовите и навивајте за нас

55

Канада е еден од домаќините на претстојниот Мундијал, заедно со САД и Мексико, а во оваа земја еуфоријата се обидуваат да ја искачат на што е можно повисоко ниво. Се знае дека фудбалот не е прв спорт на тој континтент, па домаќините прават се што е во нивна моќ.

Интересна идеја во моментов се спроведува во Торонто. Покрената е иницијатива да големата италијанска дијаспора таму се привлече да навива за домаќинот. Кога веќе Италија испадна во баражот од Босна и не оди на Мундијалот, канаѓаните дојдоа до идеја да им понудат на илјадниците „Азури“ промена на дресот на Италија со оној на Канада.

Идејата не само што е успешна туку буквално „експлодирала“. Во популарната пицерија Дипломатико, која што е позната како сврталиште на италијанската дијаспора веќе размената на дресови масобно се обавува и Канада ќе има голема поддршка на овој турнир од неочекувана страна.

 

ПретходноРаботнички и Шкендија ќе играат в среда на „Петар Милошевски“
СледноSkopje Open G1, одлично организиран таеквондо турнир со кој се гордее Македонија