В среда на стадионот Петар Милошевски во Битола се игра најновото фудбалско дерби на Македонија, помеѓу екипите на Пелистер и Вардар.
Двата клуба активно се подготвуваат за овој спектакл кој што е закажан во вечерен термин од 20:00 часот.
Од друга страна, навивачките групи исто така се во ек на организација на дуелот.
Чкембарите кои што се домаќини со герила акција во Битола синоќа со банери ширум поставени ширум градот повикаа на мобилизација во среда, масовна посета и како што самите напишаа „Максимална галама“.
Во Скопје пак, Комити со провокација на „вечната тема“ на релација Скопје – Битола, и онаа позната парола „Битола нема Аеродром“….
„Се извинуваме затоа што пистата се уште е во изградба, па гостувањето ќе мора да го реализираме по копнен пат !“ – напишаа Комити во повикот за што поголема масовност при патувањето за Битола на дерби средбата.















