Индивидуална статистика по 22.коло: Ефремовски прв стрелец, Рикиќ најдобар скокач, а Тачи најдобар асистент!

53

Зад нас се 22. одиграни кола од „МТЕЛ“ Супер лигата, или крајот на регуларниот дел од шампионатот во кој се бара новиот државен првак за натпреварувачката сезона 2025/2026.

Доволна причина да се направи и оној завршен пресек на индивидуалните постигнувања во оваа фаза од првенството кое продолжува во две натпреварувачки групи.

Виктор Ефремовски ги одигра сите 22. кола во овој дел од првенството, и заврши со најголем број на реализирани поени. Вкупно 484, или во просек по 22.поени по натпревар што го прави најдобар во оваа статистичка категорија во која Џејлин Билингсли (Чаир 2030) завршува со просечни 20.поени, додека на третата позиција, иако со двојно помал број на одиграни мечеви, е новиот играч на Маџари, Тери Армстронг кој има просек од 17.9 поени.

ВО ТОП 5 се уште Роберт Рикиќ (Работнички) со 17.6, односно Урош Луковиќ (МКК Куманово).

Центарот на Работнички завршува како прв во категоријата на најдобри скокачи. Во просек, хрватскиот интернационалец остварува по 13.5 скока по натпревар, што е подобар резултат во однос на Амар Хот (Маџари), кој е на 11.скока, односно Урош Луковиќ (МКК Куманово), кој овој дел го финишира со 10.3 скока.

Во делот поврзан со асистенциите, Мухамед Тачи (Чаир 2030) засега е лидер во оваа категорија, Има и повисоки 7.2 асистенции по натпревар во однос на претходното натпреварувачко коло, со што ја зголеми предноста пред Марјан Младеновиќ (Гостивар), кој има шест, и Бобан Стајиќ (Пелистер) со 5.7 асистенции по натпревар.

Мухамед Тачи има и најголем број на загубени топки. Бекот на екипата од Чаир во просек губи по 3.8 топки по меч, пред Стенли Дејвис (ТФТ) кој има 2.8, и Дешон Парсонс (Тиквеш Голден Игл) со 2.7.

Во делот на листата на играчи со најмногу освоени топки, предначат Декариус Николас (Кожув), односно Тери Армстронг (Маџари) кои во просек имаат по две на натпревар, и Бобан Стајиќ (Пелистер) кој е на 1.95.

Урош Луковиќ (МКК Куманово) останува најдобар блокер, макар и со нешто пониски 2.2 блокади по натпревар, Пред Кенан Карахоџиќ (Гостивар), кој има 1.5, и Бизмарк Ниах (Феникс 2010), со 1.45.

Во поглед на бројот на одиграни минути низ текот на овој дел од „МТЕЛ“ Супер лигата, интересно е што повеќе од пет играчи се со просек повисок од 34.минути по натпревар.

За нијанса пред другите е Родни Пурвис од екипата на Кожув има најголема „минутажа“, во просек игра по 34:57 минути, пред Роберт Рикиќ (Работнички), кој има 34:42, и неговиот соиграч, Виктор Ефремовски, со 34:36 минути во просек.

Во делот кој се мери со проценти, Александар Радукиќ од екипата на МКК Куманово е играч со најдобра реализација во обидите за еден поен.

Погодува со 81.8% на успешност, пред Луал Рахама (Феникс 2010, кој е на 81.5%, односно Џавон Грин (Маџари) со 81.2%.

Урош Луковиќ (МКК Куманово), има највисок процент на реализација во обидите за два поени, го прави тоа со 68.5%, што е повисок процент во однос на Џејлин Билингсли (Чаир 2030) кој има 65.7%, и Амар Хот од екипата на Маџари со 65.5%.

Андреј Митревски од екипата на Пелистер, го завршува овој дел од сезоната како најдобар тројкаш, затоа што реализира со 43.4% на успех од реализација, што е нешпто подобар резултат во однос на оној кој го има Петар Бошалески (Тиквеш Голден Игл) 40.63% и Леонард Диксон (Гостивар) со скоро идентични 40.63%.

Урош Луковиќ (МКК Куманово) е лидер во категоријата на играчи со најдобра реализација од поле, затоа што погодува со 68.2%, пред Ленгстон Вилсон (Пелистер), кој има 59.9% и Роберт Рикиќ (Работнички) со 59.6% на реализација.

 

ТОП 5

ПОЕНИ

Играч нат. поени просек

1.Виктор Ефремовски (Работнички) 22 484 22.0

2.Џејлин Билингсли (Чаир 2030) 22 441 20.0

3.Тери Армстронг (Маџари) 11 197 17.9

4.Роберт Рикиќ (Работнички) 15 265 17.6

5.Урош Луковиќ (МКК Куманово) 21 369 17.5

СКОКОВИ

1.Роберт Рикиќ (Работнички) 15 203 13.5

2.Амар Хот (Маџари) 22 242 11.0

3.Урош Луковиќ (МКК Куманово) 21 218 10.3

4.Џејлин Билингсли (Чаир 2030) 22 219 9.9

5.Дешон Парсонс (Тиквеш ГИ) 11 99 8.9

АСИСТЕНЦИИ

1.Мухамед Тачи (Чаир 2030) 21 152 7.2

2.Марјан Младеновиќ (Гостивар) 22 134 6.0

3.Бобан Стајиќ (Пелистер) 21 120 5.7

4.Џаванте Хоукинс (Тиквеш ГИ) 16 83 5.1

5.Дешон Парсонс (Тиквеш ГИ) 11 55 5.0

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.Мухамед Тачи (Чаир 2030) 21 80 3.8

2.Стенли Дејвис (ТФТ) 20 57 2.8

3.Дешон Парсонс (Тиквеш ГИ) 11 30 2.7

4.Андрија Стевановиќ (МКК Куманово) 22 59 2.6

5.Дашон Дајсон (Феникс 2010) 18 48 2.6

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.Декариус Николас (Кожув) 22 44 2.0

2.Тери Армстронг (Маџари) 11 22 2.0

3.Бобан Стајиќ (Пелистер) 21 41 1.9

4.Џавон Грин (Маџари) 22 37 1.6

5.Андрија Стевановиќ (МКК Куманово) 22 36 1.6

БЛОКАДИ

1.Урош Луковиќ (МКК Куманово) 21 47 2.2

2.Кенан Карахоџиќ (Гостивар) 21 33 1.5

3.Бизмарк Ниах (Феникс 2010) 20 29 1.4

4.Роберт Рикиќ (Работнички) 15 21 1.4

5.Рејмонд Самервил (ТФТ) 22 30 1.3

МИНУТИ

1.Родни Пурвис (Кожув) 22 769:05 34:57

2.Роберт Рикиќ (Работнички) 15 520:34 34:42

3.Виктор Ефремовски (Работнички) 22 761:25 34:36

4.Андрија Стевановиќ (МКК Куманово) 21 759:53 34:32

5.Џејлин Билингсли (Чаир 2030) 22 755:16 34:19

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА – ЗА ЕДЕН ПОЕН

1.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 18 81.8%

2.Луал Рахама (Феникс 2010) 22 81.5%

3.Џавон Грин (Маџари) 22 81.5%

4.Никола Малешевиќ (Пелистер) 21 78.5%

5.Виктор Ефремовски (Работнички) 22 78.0%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА – ЗА ДВА ПОЕНИ

1.Урош Луковиќ (МКК Куманово) 21 68.5%

2.Џејлин Билингсли (Чаир 2030) 22 65.7%

3.Амар Хот (Маџари) 22 65.5%

4.Ленгстон Вилсон (Пелистер) 22 64.7%

5.Андрија Стевановиќ (МКК Куманово) 22 64.4%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА – ЗА ТРИ ПОЕНИ

1.Андреј Митревски (Пелистер) 22 43.4%

2.Петар Бошалески (Тиквеш ГИ) 22 40.6%

3.Леонард Диксон (Гостивар) 11 40.6%

4.Луал Рахама (Феникс 2010) 22 40.5%

5.Виктор Ефремовски (Работнички) 22 40.2%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО

1.Урош Луковиќ (МКК Куманово) 21 68.2%

2.Ленгстон Вилсон (Пелистер) 22 59.9%

3.Роберт Рикиќ (Работнички) 15 59.6%

4.Тери Армстронг (Маџари) 11 58.3%

5.Џејлин Билингсли (Чаир 2030) 22 56.3%

ПретходноАрон Ремзи објави крај на кариерата!
Следно“Реал Мадрид е најомразениот клуб во Европа, нивното однесување е одвратно“!