Екипата на Монпелје и официјално ќе биде противникот на Вардар во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп. Вечерва во реванш-дуелите од осминафиналето, Елверум успеа да домашен терен да слави над францускиот тим со 35:31, но не успеа да ја надомести огромната негатива од првиот меч во Франција.
Монпелје го доби првиот меч на домашен терен со дури 12 гола разлика и по тој меч практично со една нога отиде до четвртфиналето. Сега Французите одат на Вардар во двомеч за пласман на завршниот дел од натпреварите во ова второ по ранг европско натпреварување.










