Скандал во Англија: Еве што прави голманот за време на натпревар! (ВИДЕО)

222

Фудбалски скандал во Англија и тоа како каков. Голманот на англискиот клуб од пониската лига „Енфилд Таун“, Џо Рајт, беше снимен како наводно удира противнички навивач за време на натпревар во неделата. Инцидентот се случил во петокот на „Челмсфорд Сити“, а голманот морал да биде чуван од обезбедувањето кога го напуштал теренот по мечот, објавува „Дејли меил“.
На видеото што се прошири на интернет, 29-годишниот Рајт се гледа како одеднаш се врти кон навивачите на Челмсфорд кои стоеле веднаш зад него додека се спремал да ја исчисти топката од неговиот гол. Потоа удрил еден од навивачите со десната тупаница. Потоа се вратил на теренот за да продолжи да игра, но следел седумминутен прекин. Според официјалниот извештај од натпреварот на веб-страницата на „Енфилд“, ниту судијата ниту помошникот судија не го виделе инцидентот, па Рајт не бил исклучен. На видеото, кое е снимено на трибините на стадионот „Данмоу груп комјунити“, меѓу 2.200 гледачи може да се слушнат воздишки од шок. По инцидентот, безбедносните сили беа распоредени зад голот на Рајт до крајот на натпреварот, а „Есекс Лајв“ објави дека голманот бил спроведен во тунелот по последниот свиреж на судијата. Полицијата од Есекс потврди за „Дејли Меил Спорт“ дека немало никаков повик или интервенција на стадионот.

 

ПретходноФанови од Македонија патуваа 2000 миљи за да го бодрат Миовски!(ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Силекс ЕКСПРЕС низ Кавадарци, добра “нула“ за Башкими и Брера!