Тиквеш во одлична серија го пречекува Силекс

75

Со дуелот Тиквеш – Силекс кој што денеска ќе се одигра во Кавадарци со почеток од 15:30 часот, продолжува новото 29. Коло од ПМФЛ шампионатот.  Ова е дуел на две екипи кои што во пролетниот дел од сезоната имаат две спротивни резултатски серии.

Тиквеш одлично „вози“ со новиот тренер Борче Христов и има серија од пет меча без пораз од кои четири се победи. Вкупно во Кавадарци во девет кола од паузата наваму имаат забележано само два порази. Против Шкендија и токму против Силекс. На први март во Кавадарци погоди Мигуел Пиреш за 0:1, што беше и конечен резултат на тој дуел.

Од друга страна пак за Силекс има неколку мечеви кои што му се бележат со предзнакот „кикс“ пролетва. Поразите од Работнички, двете нерешени со Пелистер, како и она со Башкими на пример, одлеа неколку планирани бодови од контото на кратовци.

ПретходноГрад Скопје ги прогласи најдобрите: Награди за Лазаров, Алкалоид, Специјална Олимпијада!
СледноОфицијално: Хари Мегваер потпиша нов договор со Јунајтед!(ФОТО)