После Велигденските празници ќе се одигра петтото коло во плеј-оф и плеј-аут лигата. На програмата има дерби дуел, Алкалоид е домаќин на Пелистер, дуелот се игра во вторник во салата Автокоманда со почеток во 19:30 часот.
Последните две средби помеѓу овие две екипи донесоа голема неизвесност, и двата дуели и во Битола, и во Скопје завршија без победник. Иако тренерот Кирил Лазаров има млад тим, додека актуелниот првак искусен состав за Лига на шампиони, сепак овој меч е прогласен за дерби на колото.
Пелистер е на второто место на табелата, на шест бода зад Вардар 1961, додека пак Алкалоид е на четвртото место.
View this post on Instagram










