ЛШ: Баерн го „замолкна“ Мадрид, Хаверц во фото-финиш за победа на Арсенал (ВИДЕО)

105

Баварскиот гигант со предност од 2:1 заминува на домашен терен очекувајќи го реваншот со Реал (М) во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Одлично тактички подготвениот тим на Винсен Компани покажа дека е дојден во Мадрид да победи, а начинот на кој тоа го стори против својот традиционално лут ривал, им дава реални шанси да се надеваат на полуфинале.

По низа нереализирани шанси и полушанси, Луис Диаз го отвори резултатот во 41-та минута. Баерн замина на пауза со предност од 0:1, а на отворањето на вториот дел Хари Кејн ја покажа својата класа кога за само неколку секунди ја удвои предноста на 0:2. По неколку пропуштени шанси, во 74. минута Килијан Мбапе конечно го матираше денеск афантастичниот Нојер за 1:2, што потоа се покажа и како конечен резултат на мечот.

Арсенал заминува како победник од гостувањето во Лисабон. Каи Хаверц успеа да го скрши отпорот на домашните во првата минута од судиското продолжение на крајот на мечот, откако домашните во момент на невнимание дозволија на самиот крај да го расипат комплетниот впечаток. Арсенал, за волја на вистината, беше подобар тим, но и Спортинг имаше свои шанси. Вака и по шетстиот меѓусебен дуел на овие два тима, Спортинг останува без победа над „топчиите“, па ќе мора да направи вистинска сезација идната недела во Лондон ако сака да го види полуфиналето.

ПретходноНено со „дабл-дабл“ во победата на Баерн