ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Баерн води на „Бернабеу“, во Лисабон мрежите мируваат (ВИДЕО)

86
фото: FC Bayern München (X)

Со голот на Луис Диаз, фудбалерите на Баерн (М) имаат предност од 0:1 на гостувањето во Мадрид против екипата на Реал во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Во полувреме во кое баварците имаа повеќе од играта и шансите, оваа предност е повеќе од заслужена.

Реал (М) се обиде да му парира на противникот, кој наметна агресивна игра со цврст блок на средината и не му дозволи на домашниот тим да организира акции во средниот ред, па најчесто долгите топки од бековите на Реал завршуваа кај Мбапе и Винисиус. Првиот имаше две супер-шанси, но Нојер не дозволи да биде совладан. Кај Баерн (М) во притисокот се изродија најмалку уште неколку добри прилики, па и два зицери кои не беа реализирани. Еден за Упамекано кој од неколку метри не успеа да го матира Лунин, а вториот на Гнабри кој имаше еден подарок од невнимателниот Питарх, но за среќа голманот на Реал одбрани.

Иако видовме бројни шанси, на вториотчетвртфинален меч вечерва во Лисабон не видовме гол. Арсенал беше подобар тим, имаше и неколку зицери и пречки, но резултатот остана 0:0. Домаќините тргнаа добро, направија една одлична шанса, но во продолжението се повлекоа и се обидуваа да градат акции преку контри и полуконтри.

ПретходноНишто од Словенецот: Атлетико (М) ќе мора без Облак на мечот со Барса
СледноСпалети: Секој тим во Серија А мора да има играч под 19 години во првиот тим!