Завршија првите полувремиња од денешните мечеви од 26.коло во ПМФЛ. Во Кавадарци по првите 45.минути каде играат Тиквеш – Силекс резултатот е 0:2, а во Куманово каде играат Башкими и Брера нема голови.
Силекс доминираше, имаше и шанси, Анѓелески ја погоди стативата во 3.минута. Стрелци за кратовци беа Пиреш во 17. и Алиќ во 41.минута па така тимот на Александар Васоски заслужено замина на пауза со убедливо водство. Тиквеш не беше на своето ниво, сепак имаше две шанси преку Мартин Стојанов и Гуел да постигне барем еден гол.
Во Куманово во еден тврд меч без некоја посебна убавина, Башкими и Брера играат без голови.















