Фудбалскиот свет во шок: Почина легендарниот стратег Мирчеа Луческу

133

Фудбалскиот свет вчерва остана шокиран од веста за смртта на легендарниот романски тренер Мирчеа Луческу, кој почина откако неодамна доживеа срцев удар.

Информацијата ја објави романскиот новинар Емануел Росу, потврдувајќи дека искусниот експерт ги поминал последните денови во болница. Луческу беше итно хоспитализиран пред неколку дена откако доживеа срцев удар. Лекарите се бореа за неговиот живот, но за жал не можеше да ја добие најтешката битка во својот живот.

Искусниот тренер беше активен речиси до самиот крај. Неодамна ја предводеше романската репрезентација до плејофот за Светското првенство против Турција, каде што неговата екипа беше елиминирана.

Мирчеа Луческу ќе биде запаметен како еден од највлијателните тренери од овој регион, со богата кариера и огромен придонес во европскиот фудбал.

ПретходноДербито во Битола за Ристовски, Стојчевски ќе им суди на Работнички и Шкендија
СледноМонпелје и официјално е противникот на Вардар во четвртфиналето