Ако тој дојде за тренер на Реал, тогаш Мбапе ќе мора да си оди!

607
ФОТО:Real Madrid C.F./FB

Сега повеќе од јасно е дека Алваро Арбелоа е само привремено решение на клупата на Реал Мадрид. Единствено ако ја освои Лигата на Шампионите, би можел да остане на клупата на “кралевите“ и следната сезона.

Па така покрај другите, во јавноста се шпекулира дека еден од кандидатите е Луис Енрике, сегашниот стратег на ПСЖ, екс тренер на Барса и некогашен селектор на Шпанија. Во случај тој да дојде на „Сантијаго Бернабеу“, тогаш јасно е дека Килијан Мбапе ќе мора да си оди, ако се знае историјата на нивниот однос за време кога беа заедно една сезона во Париз.

Соработката помеѓу шпанскиот стручњак Луис Енрике и Килијан Мбапе во ПСЖ не беше особено добра. Тренерот на Парижаните имаше обичај да ја изоставува главната ѕвезда од тимот, да ја отстранува од тимот, а на крајот Мбапе си замина во Реал Мадрид.
На ПСЖ како да олесна по заминувањето на првата ѕвезда. Тие веднаш ја освоија Лигата на шампионите, а Мбапе е на добар пат да не го крене трофејот дури ни по две години во Реал.
Луис Енрике неодамна зборуваше за соработката со францускиот фудбалер. Тој го нарече доста погрдни имиња, а пораката е јасна – Мбапе е арогантен, арогантен и играч за кого тимот не значи ништо.

ПретходноДенвер се врати од минус 16 – Јокиќ со уште еден трипл-дабл (ВИДЕО)
СледноАлкалоид го закажа дерби дуелот со Пелистер