Бразил му верува: Анчелоти добива договор до СП 2030!

43

Карло Анчелоти ќе го продолжи договорот и ќе остане селектор на Бразил до крајот на Светското првенство во 2030 година, со рекордна плата од 10 милиони евра по сезона.

По турбулентниот период од Светското првенство во Катар во 2022 година, кога Бразил беше елиминиран во четвртфиналето, а потоа смени дури четири селектори, челниците на тамошната федерација решија да му ја дадат довербата на италијанскиот стручњак на долг рок.

Анчелоти седна на клупата на „Кариоките“ во мај минатата година, а според бразилските медиуми, новиот договор ќе биде потпишан до крајот на месецот.

ПретходноЦ. Звезда го доби мечот на сезоната во битката за плеј-оф
СледноНено со „дабл-дабл“ во победата на Баерн