„Вечното дерби“ ќе има и хуманитарен карактер

59

ФК Пелистер денеска ги повика сите навивачи кои ќе дојдат на утрешното дерби против Вардар да ја покажат хуманоста кон една битолчанка која остана без својот дом. Во објавата на социјалните мрежи, од редовите на „зелено-белите“ накјавија поставување на посебни кутии за донации на влезовите на стадионот во Битола.

„На Елена ѝ изгоре куќата, а како тоа да не беше доволно, го загуби и својот татко. Таа остана сама со две деца, од кои едното е болно (дијагноза – менингитис). Во овие тешки моменти, нашата поддршка ѝ е повеќе од потребна. На сите влезови ќе бидат поставени кутии за донации – да помогнеме заедно и да покажеме дека Битола знае да застане кога е најпотребно. Фудбалскиот клуб Пелистер ќе донира дел од средствата од продадените карти, додека НГ Чкембари ќе ги донира сите финансиски средства со кои располага. Да бидеме сплотени. Да помогнеме“, повикаа од клубот.

ПретходноКинеската амбасадорка Џијанг Сјаојен во официјална посета на Македонскиот олимписки комитет
СледноАлкараз и Синер тргнаа рутински во Монте Карло