Лина без проблеми со пласман во 1/8 финалето во Мадрид!

47
фото: mtftennis.mk

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа имаше успешен старт на Челинџерот во Мадрид. Денеска во меч од 1/16 финалето, македонската тенисерка успеа да ја победи Сара Саито од Јапонија со 2:0 во сетови. Се чини дека ова беше лесна победа без многу проблеми на Ѓорческа и пласман во следната фаза, поточно во осминафиналето на турнирот во шпанската престолнина.

И во двата сета Лина Ѓорческа славеше со по 6:4 во гемови во меч кој траеше околу час и половина. Едноставно Јапонката немаше никакви шанси да ја загрози победата на македонската тенисерка.

ПретходноШокантно:Фановите на Реал со критики за Мбапе, одбројуваат до истекот на договорот!
СледноПолувреме: Силекс убедлив во Кавадарци, Башкими – Брера 0:0!