Мартин Серафимов две години во Пелистер

128

Македонскиот репрезентативец, Мартин Серафимов од следната сезона ќе го носи дресот на актуелниот првак Пелистер. Тој од Алкалоид се сели во Битола, со новиот тим потпиша соработка на две години.

„Нашиот клуб секогаш бил асоцијација за македонската репрезентација и во секој успех вградил многу свои членови и протагонисти. Затоа секој потпис на македонски репрезентативец многу ни значи. Денес го официјализираме како наш нов член Мартин Серафимов, десниот бек на националниот тим. Тој потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер и од сезоната 2026/27 ќе му се стави на располагање на стручниот штаб“, соопштија од клубот. 

Серафимов во Битола доаѓа од Алкалоид, а претходно го носеше дресот на Металург. Со потписот на 26-годишниот Серафимов нашиот клуб добива квалитет и инвестиција која ќе остави трага во клубот и градот.

„Мартин Серафимов како нов ракометар на Еурофарм Пелистер ќе биде официјализиран во јули оваа година, пред стартот на летните подготовки“, додадоа од тимот од Битола. 

ПретходноКонте се нуди да биде селектор на Италија: Да бев претседател, ќе се одберев себе си
СледноБашкими се уште ја чека првата победа против Брера