Некогашен фудбалер на Арсенал објави дека раскинал со Трамп…

114

Поранешниот играч на Арсенал и сегашен член на Виљареал, Николас Пепе, официјално го потврди крајот на својата бурна врска со Тијана Трамп, познатата актерка од филмови за возрасни. Двојката со месеци ги освојуваше насловните страници, но сега фудбалерот одлучи категорично да ги негира сите гласини што ги следат.

Пепе, кој очигледно го изгубил трпението со шпекулациите за неговиот личен живот, беше краток, јасен и доста остар во својата објава на социјалните мрежи:

Накратко, сега сум слободен. Никогаш не сум зборувал за брак, а камоли да давам пари на некого. Ве молам престанете да зборувате за тоа без причина“ објави Пепе.

Врската меѓу Пепе и Тијана Трамп привлече огромно внимание на јавноста штом се дозна за нивната романса. Многумина шпекулираа дека двојката е на работ на брак, а на социјалните мрежи се проширија теории дека фудбалерот го финансира луксузниот живот на својата избраничка. Во исто време, се тврдеше дека актерката платила 30.000 долари за подарок за роденден за него. Со овој потег, Пепе сакаше да го „изгасне огнот“ и да се фокусира на својата работа на фудбалскиот терен, каде што оваа сезона се обидува да ја врати старата форма со дресот на „жолтата подморница“.

Се чини дека приказните надвор од спортската сфера станаа преголем товар за Николас Пепе, за кого Арсенал плати неверојатни 80 милиони евра пред неколку години.

Претходно“Реал Мадрид е најомразениот клуб во Европа, нивното однесување е одвратно“!
СледноШокантно:Фановите на Реал со критики за Мбапе, одбројуваат до истекот на договорот!