Нови проблеми во пресрет на СП 2026: Работниците се закануваат со штрајкови!

90
фото: Football Tweet (X)

Малку им се проблемите со Иран како и со наметнатите давачки од Доналд Трамп за одредени земји, сега организаторот а пред се ФИФА се соочува со нови проблеми. Пред се тука се мисли на заканите со штрајк на околу 2000 работници на стадионот во Инглвуд (ЛА) каде ќе се играат неколку натпревари.

Синдикатот на готвачи, келнери и шанкери, кој брои 2.000 членови на стадионот СоФи во Инглвуд, во близина на Лос Анџелес, се закани со штрајк доколку ФИФА не гарантира дека службениците на американската Служба за имиграција и царина (ICE) ќе се држат настрана за време на Светското првенство.
Претставниците на синдикатот, наречен Локал 11, поставија три главни барања до ФИФА и сопственикот на стадионот Кроенке Спортс енд Ентертејнмент, имено јавна обврска дека ICE нема да се меша во Светското првенство, заштита на работните места и условите за работа на членовите на синдикатот и поддршка за разумно прилагодување на работниците.
Вршителот на должноста директор на Одделот за внатрешна безбедност, Тод Лионс, претходно изјави дека ICE ќе игра „клучна улога“ на Светското првенство, што синдикатот го опиша како напад врз безбедноста и на нив и на гостите.
„ФИФА и нејзините корпоративни спонзори ќе заработат милијарди од натпреварите во Лос Анџелес без дури ни да ја признаат работата на оние кои ќе го овозможат целиот настан“, рече потпретседателот на Лукал 11, Курт Петерсен.

ПретходноАлкараз и Синер тргнаа рутински во Монте Карло
СледноФановите на Ливерпул се спремаат за протести! (ФОТО)