Денеска во рамките од новото 26. коло од ПМФЛ шампионатот, во Битола ќе се одигра најновото вечно фудбалско дерби на Македонија, помеѓу екипите на Пелистер и Вардар.
Мечот се игра во вечерен термин од 20:00 часот на стадионот Петар Милошевски, пракса која што сите веруваме дека ќе прерасне во традиција.
И последниот ваков дуел помеѓу овие два тима се одигра во исти услови, под рефлектори во Битола.
На 5 ноември 2025 година Вардар победи со 1:2, со головите на Мато и Закариќ од пенал. Одличен дуел во кој Вардар ги освои трите бода, откако за домаќинот пак погоди Петар Петковски.
Сега во малку водоизменет состав на актерите, и двата тима повторно ќе бијат битка.
Мато повеќе не е член на Вардар, но Пелистер пак на пример има нов тренер. Милан Стојановски си замина тука е Мане Секуловски.
Како и да е, уверени сме дека сите ќе уживаме вечерва во уште едно македонско фудбалско „ЕЛ Класико“, полно со возбудувања, навивачки кореогграфии, навивање и секако пред се спортски дух.


























