ГРК Охрид ја освои Битола и одигра за Вардар!

363

Вечерва во Битола во дербито на 26.коло од плејофот во ракометната Суперлига, ГРК Охрид славеше во еден драмитичен меч со 26:27 на гости кај Пелистер. Голема победа за охриѓани, втора сезонава против сеуште актуелниот шампион по онаа дома во регуларниот дел.

Се играа последните секунди од мечот во “Боро Чурлевски“, а резултатот беше 26:26, но Стрмљан успеа да погоди за победа на својот тим од 26:27. На овој исход најмногу му се израдува тимот на Вардар, кој сега има +8 бода во однос на Пелистер и Охрид, па така речиси сигуро е дека ќе биде шампион.No description available.

Супер интересен беше финишот, тоа беше вистински трилер. Имено Пешевски израмни на 25:25, гостите вратија со голот на Иванковиќ за 25:26, но Видомски израмни на 26:26, за да Стрмљан со “звукот на сирената“ донесе победа за Охрид за конечни 26:27.

Кај домашние Манасков со шест голови од исто толку обиди беше најефикасен, Кузмановски запиша четири како и Хосни.

Кај победничкиот тим, кој последните две минути, без некоја секунда играше со играч помалку по црвениот картон на Ојлески, Стрмљан имаше пет голови од исто толку обиди.No description available.

Пелистер го доби првото полувреме со 13:11, и кога се чинеше дека ќе дојде до победата, ракометарите на ГРК Охрид одиграа одлично второ полувреме и на крајот заслужено славеа голема победа среде Битола.

Со овој пораз веќе нема дилеми, Пелистер му ја предава титулата на Вардар.

ПретходноИ вториот состав на Германија пресилен за Македонија!
СледноТашовски „експлодираше“, ТФТ го доби првото АБА 2 полуфинале со Сутјеска