Награда за МВП: ПИЦА “Ала-Нено” од Баерн за Виртус Болоња

277

Социјалните мрежи се чудо, и светот едноставно не може да функционира без нив. Се се случува во и околу нив, па и спортот кој што едноставно не може да се замисли без профили на десетици платформи.
На една од нив, кошаркарскиот клуб Баерн Минхен за кој што настапува нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ на оригинален начин успеа да пренесе моќна порака.
Дека во моментов е презадоволен од учинокот на нашиот интернационалец, а патем и да го „пецне“ својот последен противник.

Баерн на крилата на изведбата на Нено го доби тимот на Виртус Болоња, во меч во кон што Димитријевиќ имаше дабл – дабл учинок од 11 поени и десет асистенции. „Баварците“ на оригинален начин одлучија Димитријевиќ да го претстават како „пица доставувач“ кој што ги „послужи“ токму италијаните со својот омилен специјалитет.

ПретходноАртета: Ова е само прво полувреме!
СледноВасоски: Добар меч, задоволство е да се освојат три бода во убедлива и ефикасна игра