Официјално: Жарко Ристоски следната сезона ќе биде тренер на Истанбул ББ

119
фото: Istanbul BB (Instagram)

Еден од најдобрите македонски одбојкарски тренери, поранешниот репрезентативец Жарко Ристоски, следната сезона ќе работи во едно од најсилните европски национални првенства. Ристоски денеска и официјално потпиша договор со турскиот прволигаш екипата на Истанбул Беледијеспор и ќе го предводи тимот од почетокот на следната сезона.

Од клубот денеска соопштија дека Ристоски е доведен за да го однесе тимот едно скалило нагоре, кон тимовите кои следната сезона ќе се борат за место во плеј-офот во најсилниот турски одбојкарски шампионат.

Генералниот секретар на Истанбул ББ, Ердем Асланоглу, по потишувањето на договорот изјави: „Продолжуваме со нашето патување со тренерски персонал кој најдобро ќе го одрази натпреварувачкиот идентитет на нашиот спортски клуб на теренот. Имаме целосна доверба во г-дин Ристоски. Му посакувам нему и на нашиот тим успешна сезона“.

Ристоски својот тренерски капацитет и квалитет го потврди со работа на Блискиот исток. Оваа сезона беше доминантен во Саудиска Арабија освојувајќи ги практично сите трофеи со екипата на Ал Хилал.

ПретходноИ Бо Мекејлеб се прости од Вујошевиќ:“Почивај во мир, засекогаш ќе недостасуваш“!(ФОТО)
СледноРК Радовиш се раздели со тренерот и капитенот – си формирале свој клуб! (ФОТО)