ТФТ по нова историја: Ја прифаќаме улогата на предизвикувачи

97

Единствениот македонски претставник во плеј-офот во АБА2-лига, тимот на ТФТ денеска почнува битка за нова историја, го игра првиот полуфинален натпревар. Избраниците на Боро Смилковски приредија голем пресврт во четвртфиналето, а на патот кон финале за противник го имаат составот на Сутјеска. Првиот меч го играат денеска на гостински терен, со почеток во 18 часот.

„Не очекуваме тежок натпревар против тимот на Сутјеска, тим кој, врз основа на својата организациска структура, квалитет и игра, навистина покажува сериозна амбиција за пласман во АБА лига. Неколку сериозни дополнувања на составот пред почетокот на плејофот само го потврдуваат тоа. Квалитетен состав и широк состав, искусни играчи и тренер со многу натпревари на високо ниво. Мораме да бидеме енергични и физички присутни во обид да одговориме на нивната агресивност и да играме со многу контакт во текот на целиот натпревар. Ја прифаќаме улогата на предизвикувачи, ослободени од императивот на резултатите и ќе го дадеме својот максимум во обид да продолжиме да ја пишуваме историјата на клубот“, изјави Смилковски пред мечот.

Тимот кој ќе оствари две победи оди во финалето.

ПретходноОндоа: Шкендија е квалитетен тим, но и ние сме во одлична форма
СледноПочина кошаркарската тренерска легенда Душко Вујошевиќ