Васоски: Добар меч, задоволство е да се освојат три бода во убедлива и ефикасна игра

72

Тимот на Силекс на одличен начин потврди дека и натаму е една од најквалитетните екипи во домашниот ПМФЛ шампионат.

Вчера во Кавадарци, избраниците на тренерот Александар Васоски со високи и убедливи 0:3 го совладаа домаќинот Тиквеш во игра која што според искусниот стратег е и тоа како за пофалба.

„Убаво е кога ќе играш на добар терен со квалитетен противник. Иако победивме со 0:3, мислам дека одигравме фудбалски добро, имавме добри ситуации. Тиквеш е солидна екипа, и задовоство е да се констатира дека од Кавадарци ги донесовме трите бода, со една добра и убедлива игра.

Ова се надевам дека е само почеток на добра серија која што ќе го „поништи“ што се вели тој мини лош период пред паузата, и ќе влеземе онака како што посакуваме во клучниот дел од сезоната, каде што имаме и полуфинале во Купот. Така да ќе се обидеме да го задржиме овој ритам, начин на функционирање на терен, затоа што очигледно е добитниот за нас“ – вели за Спортспорт, Александар Васоски.

 

 

ПретходноНаграда за МВП: ПИЦА “Ала-Нено” од Баерн за Виртус Болоња
СледноМакедонските тенисерки поразени од Бугарија во БЏК Купот