Изов: Елитните квалификации се нов предизвик за оваа генерација

12
ФОТО:FFM.MK

Женската фудбалска репрезентација до 19 години денеска замина за Глазгов каде од десетти до 16 април ќе биде дел од елитните квалификации за пласман на Европското првенство.

Покрај домаќинот Шкотска во групата се репрезентациите на Норвешка и Австрија. Сите три селекции се вбројуваат меѓу најквалитетните на Стариот континент и претстојните натпревари ќе бидат голем предизвик за оваа талентирана генерација.

Имаме тешка група, но во оваа фаза од квалификациите сите противници се квалитетни. Очекувам фудбалерките да одиграат на највисоко можно ниво и на секој натпревар да пробаат да се надигруваат со фаворизираните противнички. Немаме намера предвреме да се предадеме, на секој натпревар влегуваме со желба да одиграме на што е можно повисоко ниво и дека ќе се прикажеме во најдобро можно издание”, рече Изов.

Проблем околу составувањето на тимот сигурно претставува и поклопувањето на термините со мечевите на А репрезентацијата во која настапуваат голем дел од фудбалерките кои се дел од овој состав.

Во договор со одговорните во Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на сениорскиот тим, четири можеби најдобри фудбалерки од овој состав Меланија Гроздановска, Ева Величковска, Теона Голабовска и Мила Панева ќе бидат дел од А репрезентацијата која следната недела ја очекуваат дуели со Унгарија. За нас тоа ќе биде голем хендикеп, но шанса ќе добијат неколку помлади фудбалерки кои во иднина треба да бидат дел од националните селекции”, продолжи предводникот на националниот тим.

Настапот на овој турнир е продолжување на серијата одлични резултати на младинските селекции, а тоа е плод на работата не само во националните тимови туку и во клубовите во земјава.

По успехот на репрезентацијата до 17 години која беше дел од елитните квалификации, еве сега и селекцијата до 19 години се наоѓа меѓу најдобрите национални тимови од Европа. Токму овие две генерации потврдуваат дека можеме да очекуваме подобри денови за женскиот состав, а исто така се надевам дека ќе продолжи трендот на добри резултати и во младинските категории. Овие две селекции треба да се база од која ќе се црпат фудбалерки за сениорскиот тим и очекувам да формираме квалитетна А репрезентација која би била конкурентна во однос на најдобрите европски селекции”, заврши Изов.

На стартот на 10 април се среќаваме со Норвешка, а почетокот на е закажан за 13 часот. Два дена подоцна во истиот термин играме против Шкотска додека во последното коло на 16. април противник ни е Австрија.

ПретходноРК Радовиш се раздели со тренерот и капитенот – си формирале свој клуб! (ФОТО)
СледноПознати се составите за “Дербито на Македонија“: Аргентинците се „џокерот“ на Седлоски за да се освои Битола!(ФОТО)