И вториот состав на Германија пресилен за Македонија!

84

Македонската женска ракометна репрезентација не успеа да приреди изненадување во претпоследното коло во квалификациите за пласман на Европското првенство. Иако Германија дојде со младински состав, сепак и тој беше пресилен за „црвено-жолтите“м во Скопје славеше со 27-35. Поразот не ги намали шансите за пласман на континенталното натпреварување, се ќе биде познато после гостувањето кај Словенија.

Македонија на овој меч само еднаш беше во егал позиција, во 9-тата минута Сара Стефанивска донесе 4-4, по што гостите фатија ритам и само за зголемуваа предност. Прво со серија од 3-0 поведоа со 4-7, во 25-та минута на семафорот стоеја 10-18. Негативата од осум гола беше најголема која ја имаше Македонија во овој дел од мечот.

Гермснија продолжи да доминира и во следниот периодф, на средината на второто полувреме водеше со 21-29, за жал Кристијан Грчевски не успеа да постави игра која ќе донесе неизвесност.

Кипријановска имаше шест гола, Коцева и Стефановска постигнаа по 4.

Македонија патува за Словенија каде на 12 април ќе го одигра последниот меч од овие квалификации за ЕП.

ПретходноПознати се составите за “Дербито на Македонија“: Аргентинците се „џокерот“ на Седлоски за да се освои Битола!(ФОТО)
СледноГРК Охрид ја освои Битола и одигра за Вардар!