Комити најавија големо гостување, Чкембари подготвуваат тифо спектакл

278

Во пресрет на најголемото фудбалско македонско дерби вечерва во Битола, помеѓу екипите на Пелстер и Вардар, кое што ќе се одигра во вечерниот термин од 20:00 часот на стадионот Петар Милошевски, се е подготвено за да овој дуел мине во најдобар ред.

Домаќинот е на готовс што се вели по сите можни прашања, Вардар е во карантин уште од синоќа во Битола.

Од друга страна и навивачкиот дел од ова дерби активно работи и е подготвено. Домаќинот, популарните Чкембари подготвуваат тифо спектакл, а и гостинскиот табор, Комитите, исто така се на пат за Битола.

Организирано патуваат на ова дерби, како што со години прават, и се очекува да дадат значаен придонес во атмосферата на вечерашното дерби.

 

ПретходноНено е скромен, не му се важни бројките: Ова е тимска победа, ваков Баерн треба да гледаме и во иднина
СледноЛШ – 1/4 финале: Нов шпански спектакл, во Париз дуел меѓу европскиот и англискиот шампион!