Мирко Ивановски со апел до битолчани пред дуелот со Вардар

107
Фото: ФК Пелистер
Денеска во Битола се игра дерби на колото, Пелистер го пречекува Вардар, дуелот стартува во 20 часот. Капитенот на домашниот тим, Мирко Ивановски, ја потенцираше важноста на натпреварот и моментот во кој се наоѓа тимот.
„Најголемото македонско дерби за цела Македонија претставува вистински спектакл – натпревар кој сите со нетрпение го очекуваат, како поради случувањата на теренот, така и поради атмосферата на трибините.
Победата во Тетово не ни донесе само три бода, туку и многу повеќе од тоа. Може да се покаже како еден од клучните пресврти во сезоната, за жал во борбата за опстанок. Тоа го напоменав и претходно – дека победа против некоја од првите четири екипи може да ни донесе голем пресврт. Токму тоа се случи пред дербито, против Шкендија, која според мене е најдобрата екипа во Македонија и игра најдобар фудбал.
До навивачите нема што многу да им порачам – тие се нашиот дванаесетти играч. Очекуваме да дојдат во што поголем број и да нè бодрат до последната секунда. Дерби како дерби може да го реши една грешка, може да се постигне гол во последните моменти, како минатата сезона. Затоа ни е потребна поддршка сите 90 минути, а на крајот се надевам дека заедно ќе се радуваме на победата.“
Натпреварот меѓу Пелистер и Вардар се игра денес од 20:00 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
ПретходноНов Словенец доаѓа во Пелистер
СледноВечното дерби е сериозен испит за Вардар