ПМФЛ Полувреме: Вечното дерби во Битола засега без голови

93

Во рамките од 26. коло од ПМФЛ шампионатот, во Битола вечерва во ноќен термин се игра вечното фудбалско дерби на Македонија помеѓу Пелистер и Вардар.

На полувреме нема голови, а иницијативата ја имаа гостите. Ударите на Николов и Торес можат да се бројат како некаква закана, а најголемата сепак дојде од Кастањеда. Аргентинецот шутираше во оквирот на голот на Пелистер но Јовчевски на вистина на задачата.

Пелистер од друга страна пак, не успеа посериозно да се закани кон противничкиот гол, и бепе пред се ориентиран на контра напади.

 

ПретходноЛЕ: Бетис извлече реми на гостувањето во Португалија
СледноРаботнички и Јанта Волеј потврдија место во полуфиналето на плејофот