ПМФЛ: Шкендија без поголеми проблеми го “среди“ Работнички!(ФОТО+ВИДЕО)

90

Работнички – Шкендија 0:3 денеска на теренот на ФФМ во натпревар од 26.коло во ПМФЛ. Важна победа за шампионот, победа со која колку толку го залечи “раните“ по поразот од Пелистер на свој терен. Красниќи двапати и Тамба беа стрелците за Шкендија за оваа победа протов Работнички кој даде се од себе да дојде барем до бод, но речиси и да немаше никаква шанса против силната Шкедија која во одредени моменти одигра и рутински.No description available.

Сега Шкендија одново се израмни бодовно со Вардар на врвот на табелата, но скопските “црвено – црни“ вечерва играат во Битола.

Ова беше прв пораз на Работнички по серија од четири победи во низа. Јасно е дека и покрај овие 0:3, тимот од Градски парк и натаму има реални шанси да се спаси од најлошото.

По малку изненадуачки, ама Работнички овој меч го почна доста агресивно и со висок пресинг, обидувајќи се уште на стартот да ги контролира настаните на теренот. Шкендија успешно го отфрли тој почетен притисок, јасно беше дека само прашање на време кога ќе се случи тоа.No description available.

И од првата одлично изведена акција, гостите преку Красниќи дојдоа до водство и тоа во 7.минута кога од “втора“ успеа да ја затресе мрежата на Ондоа. Речиси 20 минути чекавме на нови возбудувања, кога Љатифи од околу 25 метри од слободен удар биеше за малку непрецизно. Неколку минути подоцна Ангелов се закани на другата страна, но тој негов шут беше блокиран во корнер.

Во 37.минута тетовци изведоа прекрасна контра која со гол ја заврши Тамба, упатувајќи ја топката низ нозете на Ондоа во неговара мрежа за 0:2. Со овој резултат се замина на пауза.No description available.

На почетокот, во второто полувреме Работнички можеше да го намали водството на шампионот, кога Мелиќи киксна, но сепак немаше гол за домашниот состав.

Штета, во 64.минута атракција на Љатифи, шутираше со “ножички“, но за малку непрецизно. Велиме штета со оглед на тоа дека ова ќе беше еден од најубавите голови во ПМФЛ во последно време.

Затоа Красниќи беше прецизен во 72.минута за 0:3 за Шкендија. Тамба асистираше до Красниќи, на кого ва му беше втор гол на овој меч.

Гол со кој се стави печат на оваа победа на големиот фаворит.


ПретходноКошаркарска Европа се простува од Дуле: Евролига со посебен статус за легендарниот Вујошевиќ!(ФОТО)
СледноИ Бо Мекејлеб се прости од Вујошевиќ:“Почивај во мир, засекогаш ќе недостасуваш“!(ФОТО)