Работнички – Шкендија 0:2 е резултатот по првото полувреме од денешниот меч од 26.коло во ПМФЛ, кој се игра на теренот на Фудбалската федерација на Македонија.
Добра Шкендија, ги користеше своите шанси како онаа на Красниќи во 7.и Тамба во 37.минута за 0:2 на гости кај Работнички. Домашните не така слаби, борбени се и агресивни, но сепак се гледа каде е квалитетот а тоа секако дека е кај актуелниот шампион.
Инаку ова е меч на кој бодовите им се повеќе од потребни и на двата тима, на Работнички во битката за опстанок, на Шкендија во трката за титулата.















