Почина кошаркарската тренерска легенда Душко Вујошевиќ

185

По долга и тешка болест, денеска почина прославениот српски кошаркарски тренер, Душко Вујошевиќ.

Легендарниот стратег подолг период беше надвор од браншата поради лекување, а денеска новинарот Петар Пеца Поповиќ ја потврди информацијата дека Вујошевиќ утринава починал.

„Смрта на Вујошевиќ ми ја потврди докторот кој што го лечеше. Јас сум звездаш кој што го сакаше Душко Вујошевиќ. Голема загуба за нашиот спорт. Тоа беше човек со став. Кој што работеше од срце, и кој што до крајот остана предан пријател„ – напиша Поповиќ

Него јавноста најмногу ќе го помни по престојот во Партизан, и големите успеси што ги имаше со овој клуб, како и на развојот на многу млади играчи кои под неговата палка потоа направија светски кариери.

ПретходноТФТ по нова историја: Ја прифаќаме улогата на предизвикувачи
СледноСветскиот првак доаѓа со втор состав, Македонија во тешка мисија за ЕП