Проблем помалку за Јунајтед: Дортмунд сака да го врати Санчо!

57
Фото: ФЦ Челзи/Твитер

И дефинитивно проблем помалку за Манчестер Јунајтед. Имено директорот на Борусија Дортмунд, Ларс Рикен, призна дека клубот ја разгледува ситуацијата со Џејдон Санчо.
Моментално разгледуваме многу играчи и ги анализираме. Проверуваме дали можат да нè направат подобри. Истото го правиме и со Џејдон“, изјави Рикен за авторитетниот весник „Билд“. 26-годишниот Англичанец би можел да го носи тимот на Борусија по трет пат во својата кариера, но за да го стори тоа веројатно ќе мора да прифати значително намалување на неговата моментална неделна плата од 300.000 фунти.
Санчо играше за Дортмунд од 2017 до 2021 година и повторно неколку месеци во 2024 година, кога беше позајмен од Манчестер Јунајтед.

ПретходноПелистер го задржа Вардар, лидерот „киксна“ во Битола
СледноСпалети останува во Јувентус до 2028 година