Македонската женска ракометна репрезентација ја делат два меча до пласман на Европското првенство. Првиот натпревар „црвено-жолтите“ го играат денеска (18 часот) во салата „Борис Трајковски“ со почеток во 18 часот, влезот е бесплатен. Противник на ракометарките е селекцијата на Германија која веќе обезбеди место на ЕП и во Скопје доаѓа со втор состав.
Пред овој дуел, Македонија е на третото место на табелата, победа или реми ќе значи дека сонот за Европско првенство ќе стане реалност. Па токму затоа ќе мора да се искористи фактот дека актуелниот светски првак нема да дојде во најсилен состав и да се обезбедат двата бода, кои ќе ни ги вратат шансите од третото место да обезбедиме европска виза.
Дополнително патот кон ЕП ни го отежна Грција која го победи Израел на двата дуели, па не стави во поредок, кој во моментов не ни оди во прилог. Македонија во друштвото на најдобро третопласирани е петта, а одат само четири селекции од оваа позиција.










