Шпански Бетис извади реми на гостувањето кај Брага во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа. Вечерва во Португалија, Брага и Бетис одиграа 1:1, а незадоволни може да бидат домашните, затоа што во неколку наврати не успеаја да постигнат победнички гол.
За Брага се тргна добро, откако Австриецот Грилич успеа по само пет минути игра да ги доведе домашните до водство од 1:0. Тоа беше едне прекрасен гол со пета на радост на домашните фанови.
Шпанците се обидуваа да наметнат свое темпо на игра, но во првиот дел не успеаја да дојдат до шанса за гол. Израмнувањето стигна во 61. минута, кога Бетис доби пенал, а Кучо Ернандес стрелаше прецизно од белата точка за 1:1.
Останатите дуели од четвртфиналето се на програмата утре.










