Вардар ја доби последната „битка“ во Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)

274

Денеска во рамките од новото 26. коло од ПМФЛ шампионатот, во Битола ќе се одигра најновото вечно фудбалско дерби на Македонија, помеѓу екипите на Пелистер и Вардар.

Мечот се игра во вечерен термин од 20:00 часот на стадионот Петар Милошевски, пракса која што сите веруваме дека ќе прерасне во традиција.

И последниот ваков дуел помеѓу овие два тима се одигра во исти услови, под рефлектори во Битола.

На 5 ноември 2025 година Вардар победи со 1:2, со головите на Мато и Закариќ од пенал. Одличен дуел во кој Вардар ги освои трите бода, откако за домаќинот пак погоди Петар Петковски.
Сега во малку водоизменет состав на актерите, и двата тима повторно ќе бијат битка.

Мато повеќе не е член на Вардар, но Пелистер пак на пример има нов тренер. Милан Стојановски си замина тука е Мане Секуловски.

Како и да е, уверени сме дека сите ќе уживаме вечерва во уште едно македонско фудбалско „ЕЛ Класико“, полно со возбудувања, навивачки кореогграфии, навивање и секако пред се спортски дух.

 

ПретходноСветскиот првак доаѓа со втор состав, Македонија во тешка мисија за ЕП
СледноНено е скромен, не му се важни бројките: Ова е тимска победа, ваков Баерн треба да гледаме и во иднина