Вечното дерби е сериозен испит за Вардар

95

Има или нема криза, резултатска организациска, или од било кој друг вид, истата се заборава штом судиското свирче означи старт на вечното, најголемото фудбалско дерби во Македонија, Пелистер – Вардар.

Овојпат истото се игра во Битола, во вечерниот термин од 20:00 часот, каде што на „Петар Милошевски“ денеска Пелистер и Вардар ќе имаат уште една своја судбоносна средба. Со сите пропратни елементи. Рефлектори, добра атмосфера, домашни, гостински навивачи, и секако неопходни бодови на двете страни.

А тие пак, по стариот добар новинарски рецепт се императив. Во таборот на Вардар за да и натаму биде активен шампионскиот од, кој што во моментов е со лидерски предзнак, и има три бодови залиха пред втортопласираната Шкендија, а кај Пелистер за да можат битолчани конечно малку да здивнат од заканата наречена релегација.

Тоа што двата клуба во моментов се на дијаметрално спротивни страни на табелата, ниту значи ниту пак некогаш значело во овие дуели. Едноставно дербито е дуел во кој ама апсолутно ништо не е поважно од победата над вечниот ривал. И ништо помалку од тоа.

 

ПретходноМирко Ивановски со апел до битолчани пред дуелот со Вардар
СледноБитола е домаќин на уште една историска дерби битка