Социјалните мрежи се чудо, и светот едноставно не може да функционира без нив. Се се случува во и околу нив, па и спортот кој што едноставно не може да се замисли без профили на десетици платформи.
На една од нив, кошаркарскиот клуб Баерн Минхен за кој што настапува нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ на оригинален начин успеа да пренесе моќна порака.
Дека во моментов е презадоволен од учинокот на нашиот интернационалец, а патем и да го „пецне“ својот последен противник.
Баерн на крилата на изведбата на Нено го доби тимот на Виртус Болоња, во меч во кон што Димитријевиќ имаше дабл – дабл учинок од 11 поени и десет асистенции. „Баварците“ на оригинален начин одлучија Димитријевиќ да го претстават како „пица доставувач“ кој што ги „послужи“ токму италијаните со својот омилен специјалитет.











