Пелистер го задржа Вардар, лидерот „киксна“ во Битола

293

Македонскиот фудбалски шампионат, во ова тековно 26. коло добива нов заплет. Лидерот на табелата тимот на Вардар вечерва во големото македонско фудбалско дерби во Битола против Пелистер одигра само 0:0, и не успеа да го одржи чекорот кога станива збор за победите.

Напротив, Вардар вечерва не одигра доволно добро за да ги освои трите бода, туку само да е задоловен што не загуби.

Од друга страна домаќинот, осоколен по победата во Тетово над Шкендија пред неколку дена посакуваше целосен успех и денеска, но со оглед на игрите и резултатите на Пелистер сезонава, добар е и освоениот бод.

Удари од далечина, единствената закана во првиот дел

Стартот на мечот значеше некаква си почетна иницијатива на Вардар која беше манифестирана со обидите од далечина на Николов, Торес и Кастањеда. Овој последниот беше најсериозен но Јовчевски добро реагираше.

Пелистер погоди но голот беше поништен

Во ваков тврд, и фудбалски може да се каже неатрактивен дуел, единствената голема бозбуда дојде во второто полувреме односно во 55. минута.

Слободен удар исведен од страна на Спировски, лукаво и интелегентно покрај живиот зид на Вардар. Топката дојде до Мирко Ивановски кој го совлада Талески но за жал на бројната публика во Битола, од офсајд ситуација.

Домаќинот осоколен од овој момент, проба уште нешто пред противничкиот гол но не се закани сериозно повеќе. Вардар пак смени поголем дел од своите играчи од нападот, но ни тој не создаде зицер ситуација.

На самиот крај, екстра удар од работ на шеснаесеникот за Вардар кој што Јовчевски во полн сјај го осуети и го спаси домаќинот од пораз.

Вардар сега има 61. бод и е лидер и натаму, има поен повеќе од Шкендија, додека пак Пелистер со осмото реми сезонава има вкупно 26 поени и е деветти.

 

ПретходноЛШ Полувреме: Атлетико ја начна „поцрвенетата“ Барса, Дуе за водство на ПСЖ (ВИДЕО)
СледноПроблем помалку за Јунајтед: Дортмунд сака да го врати Санчо!