Одбојкарките на Работнички и Јанта Волеј се последните патнички во полуфиналето на плејофот во Првата лига за жени, откако попладнево се одиграа реванш мечевите во четвртфиналната серија.
Работнички и во реванш дуелот со ист резултат како и во првиот меч во Битола, 3:1 (22:25, 25:16, 25:23, 25:14) славеше над Пелистер Волеј, додека по победата од 3:1 во првиот меч, бранителот на титулата Јанта Волеј загуби со 2:3 (21:25, 25:23, 25:17, 20:25, 13:15) од Газели Волеј во реваншот од четвртфиналето од плејофот во Првата лига жени. Сепак, поради подобриот сет количник 5-4, одбојкарките на Јанта ќе играат во полуфиналето на плејофот против лидерот на табелата ОК Наковски волеј.
Ланскиот финалист Работнички, во полуфиналето ќе игра против Младост УГД.










