И дефинитивно ова го има само во Македонија. Имено тренерот и капитенот на РК Радовиш си формирале свој клуб. И затоа раководството на членот на Суперлигата, преку официјално соопштение ја информира јавноста дека од денеска тренерот Спасе Георгиев и капитенот Здравко Постолов не се веќе дел од РК Радовиш.
Соопштението на РК Радовиш ви го пренесуваме во целост:
“Ракометниот клуб Радовиш ја информира јавноста дека досегашниот тренер Спасе Георгиев и капитенот на екипата Здравко Постолов повеќе не се дел од клубот.
Ваквата одлука е донесена поради нивното дејствување како основачи на нов ракометен клуб во градот, реализирано на начин што РК Радовиш го оценува како неетички, нефер и спротивен на основните спортски принципи.
Со оваа постапка е нанесена директна штета врз угледот и интегритетот на клубот, кој со години вложуваше значителни ресурси и доверба во нивниот развој како спортисти и професионалци.
РК Радовиш, како клуб со долгогодишна традиција и значајно место во Супер лигата, нема да толерира дејствија што го нарушуваат неговиот кредибилитет и вредносен систем.
Во иднина, клубот ќе продолжи да делува принципиелно, со јасна определба за заштита на сопствените интереси и зачувување на угледот.
РК Радовиш










