Кошаркарите на ТФТ приредија нова сензација во плеј-офот во АБА 2 лигата, откако вечерва на гостувањето кај Сутјесна во првиот полуфинален меч успеаја да забележат победа од 88:93.
Кошаркарите на Боро Смилковски, покажаа дека се во извонредна форма, па по елиминацијата на Златибор во четвртфиналето, сега успеаја да им земат мерка и на кошаркарите на Сутјеска, кои важат за голем фаворит во оваа полуфинална серија. Се чини и вечерва одлучувајќи беа првите две четвртити во кои момците на нашиот тим одиграа перфектно. Имаа одличен шут за три поени, добра одбрана и ги ставија домашните под голем притисок. По првите 20 минути ТФТ веќе имаше висока предност од 41:59.
Сутјеска притисна на стартот на вториот дел. Ја доби убедливо третата четвртина, успеа да се приближи на минус 10 (66:76), но ТФТ ја врати свежината и добриот шут и во финалната четвртина успеа да ја задржи разликата за обезбедување голема победа.
Ташовски „експлодираше“ со 28 поени, а Дејвис и Гордон имаа по 14 поени во дресот на ТФТ. Кај домашните Баровиќ постигна 17 поени.










