Ракометарите на ГРК Охрид приредија изненадување совладувајќи го шампионот на гостински терен во дербито на 4. коло од плеј-офот во Суперлигата. По мечот охриѓани имаа причина за големо славје, откако покажаа дека се во извонредна форма по елиминацијата на Олимпијакос и пласманот во полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп.
По денешниот триумф, забележливо беше славјето во соблекувалната на охриѓани, сосема заслужено!










