Во пресрет на претстојниот Ф4 турнир од Купот на Македонија, од Ракометната федерација на Македонија информираа дека билетите се пуштени во продажба од денес.
Со еден билет ќе може да се проследат полуфиналните натпревари од машкиот и женскиот Ф4, кои ќе се одиграат на 17 и 18 април во СС„Парк“ – Струмица.
Цената на билетот изнесува 400 денари.
Билетите може да се купат на следниот ЛИНК










