Ван Дајк: Единственото позитивно нешто е што има реванш

36

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, се огласи по поразот на неговиот тим од Пари Сен Жермен со 2-0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

„Секако дека не сум задоволен од поразот. Единственото позитивно нешто е што имаме уште еден натпревар следната недела“, рече Ван Дајк.

„Беше тешко. Имавме неколку контранапади кои можевме да ги направиме подобро. ПСЖ постојано се движи по теренот. Треба добро да комуницираме и да го следиме противникот. На Енфилд можеме подобро да ја контролираме топката“, додаде Холанѓанецот.

Реваншот помеѓу Ливерпул и ПСЖ ќе се одржи на 14 април.

ПретходноАндов го објави списокот на фудбалерки за дуелите со Унгарија
СледноПоранешниот тренер на Пелистер ќе биде селектор на Алжир