КЛ: Рајо убедливо против АЕК веќе може да мисли на полуфинале

43
фото: Rayo Vallecano (X)

Фудбалерите на Рајо Ваљекано обезбедија убедлива победа од 3:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Конференциската лига. На мечот со грчки АЕК, шпанскиот тим одигра одлично во првото полувреме и комплетно го разби ривалот, пред реваншот кој следната недела ќе се одигра во Атина.

Рајо поведе со голот на Ахомах во 2. минута, додека Лопез во судиското надополнување од првиот дел зголеми и на 2:0. Конечните 3:0 ги постави Палазон од пенал во 74. минута на средбата.

Останатите три дуели од четвртфиналето се на програмата од 21 часот.

ПретходноБарса се жали во УЕФА: Ова не е првпат во Лигата на шампионите судиите сериозно да му наштетат на тимот
СледноСледниот четврток почнува битката за шампионската титула