По поразот на гостувањето против Брера, екипата на Арсими ја затвори таа страница и е максимално фокусирана на следниот првенствен предизвик. Стручниот штаб и фудбалерите внимателно ја анализираа претходната средба, а сега целиот фокус е насочен кон денешниот натпреварот против Македонија Ѓорче Петров, дуел од големо значење за враќање на позитивните резултати.
Атмосферата во екипата е сериозна и мотивирана, а целта е јасна, брза реакција и освојување на цел плен вели голманот на гостиварчани Дејан Сиљановски кој додава:
„По поразот на гостувањето против Брера, кој според мене беше незаслужен, нашата екипа направи анализа и е максимално фокусирана на следниот предизвик. Ги анализиравме грешките и решени сме да реагираме на најдобар можен начин.Сега целиот наш фокус е насочен кон натпреварот во против Македонија Ѓорче Петров. Знаеме дека нe очекува тежок дуел, но сме подготвени и мотивирани. Нашата единствена цел е победата. Ќе дадеме максимум на теренот за да ги освоиме трите бода и да се вратиме на победничкиот пат“.
Искусниот чувар на мрежата на Македонија Ѓ.П, Ристе Јанков има свое мислење за денешниот натпревар и смета дека тој е само уште еден важен меч, но не и финале на сезоната.
“Пе не би рекол дека е финале за нас. Важен меч за МЃП како и секој друг. Битни бодови како за нас така и за Арсими битката за опстанок во прва лига.
Искрено се надевам дека нештата во Македонија ЃП наскоро ќе се средат и овој клуб ќе застане на здрави нозе. Ќе биде конкурент за највисок пласман како некогаш”, изјави Ристе Јанков.
Натпреварот Македонија Ѓ.П -Арсими ќе се одигра денеска на стадионот во Ѓорче Петров со почеток во 15:30 часот.















